| четврток, 6 декември 2018 |

Молчи и спиј! Ја оставил 5 годишната ќерка да спие надвор на студ (ВИДЕО)

Петгодишно девојче било однесено во универзитетски камус во близина на Солт Лејк Сити од нејзиниот татко и оставено со едно тенко ќебе на температура околу нулата. Ова се случило вчера во 5 часот наутро.
3964806e00000578-3838959-image-a-85_1476478068156
Детето е снимено како останува таму и се обидува да го послуша татко си, па легнува на ќебето и се обидува да спие. Пронајдено е од чуварот по два и пол часа, како го довикува татко си и плаче.
3964807700000578-3838959-image-a-86_1476478072288
– И рекол да молчи и да спие, и заминал – вели нејзината мајка Џена, која е разведена од татко и. Таа го оставила девојчето кај татко и неговото семејство.

3964808300000578-3838959-image-a-87_1476478074879

– Рече дека многу се уплашила. Било темно и студено, викала по татко и но немало никој. Била оставена сама се додека не се разденило!

Чуварот Фред Фрејзер вели дека глетката била тажна. Девојчето го послушало својот татко и не мрднало од местото на кое било оставено, ја нашол плачејќи.

Таткото се соочува со обвинение за напуштање или малтретирање на дете, или ќе биде обвинет за двете.

Полицијата ќе го испрашува да ја утврди причината за ваквото однесување. Се сомневаат дека тој е корисник на дрога.

Мајката вели дека барала судска забрана за негово доближување до девојчето, но не ја добила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top