| четврток, 6 декември 2018 |

Нема изговори, Македонија мора да излезе од кризата преку фер и демократски избори на 11 декември

Со европската комисија го делиме заедничкиот став дека Р.Македонија е на добар пат да организира фер и демократски избори на 11 декември и сите прашања кои се користеа како изговори  за одложување на изборите се елиминирани, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски на панел дебатата во организација на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија.

-На Р. Македонија во овој момент и е особено важно излегувањето од таа политичка криза. Решавањето на таа криза ќе го зголеми притисокот за отворање на една врата за остварување на нешто што подолг временски период треба да се случи, а тоа е пристапните преговори за членство во ЕУ. 7 пати имавме позитивна препорака, а имаме и многу аргументи да веруваме дека Комисијата ќе има позитивна препорака за отпочнување на преговорите. Доколку изборите бидат спроведени на успешен начин би било многу полезно за Р. Македонија, рече Попоски.

Тој посочи дека Македонија ќе биде дел од ЕУ, прашање е само на време. Додаде дека многу од условите веќе се исполнети и денеска имаме сосема ново опкружување.

-Македонските граѓани денеска слободно можат да патуваат во Европа, Македонија има за 14 % помала стапка на невработеност, има стотина странски инвестиции, има исполнети голем број на критериуми , дури и за најчувствителните теми како на пример медиумите. Успеавме во последниот период да ја тргнеме етикетата што некои соседи се обидуваа да ја наметнат дека Македонија не е добар сосед. Денеска никој повеќе тоа не може да го тврди, рече Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top