| четврток, 6 декември 2018 |

Во Англија сите зборуваат за расправијата помеѓу Конте и Коста

Вербалната расправија која ја имаа Антонио Конте и Диего Коста за време на натпреварот меѓу Челси и Лестер секако предизвика многу коментари во англиската спортска јавност, но како што можеше да се очекува, за истата се побара одговор и од еден од инволвираните, а во дадениот случај тоа беше менаџерот на лондонските „сини“.

Тренерот откако му сугерираше на напаѓачот да не влегува многу во разговор со судиите напаѓачот веднаш му одговори на својот тренер со тоа што побара експресно да биде заменет доколку не му се допаѓа како игра.

Конте не му ја исполни желбата на шпанскиот репрезентативец и го остави во игра до последната минута во победата од 3:0, а по крајот на натпреварот објасни зошто одлучил да не го повлекува енергичниот напаѓач иако тој самиот го побара тоа.

” Ако можам, секогаш ќе го оставам на теренот до самиот крај. Знам дека беше ризик во случајов зошто имаше жолт картон, но и поради можна повреда. Треба да разбере дека е многу важен за овој тим. Јас ризикував во дадената ситуација бидејќи можеше да го пропушти наредниот меч, но за мене тој е многу важен играч и секогаш треба да биде на теренот ” изјавил Конте кој не пропуштил да испрати и јасна порака до напаѓачот за тоа кој ги носи одлуките во тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top