| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилно собрание значи стабилна Влада, стабилна Влада значи стабилна држава

-На овие избори граѓаните треба да разберат дека се бориме или за стабилност, која што ќе значи економски напредок и почитување на Република Македонија, или ќе имаме хаотичен Парламент, хаотична Влада, хаотична држава и во следните четири години – изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на панел дискусијата на тема „Стоиме на располагање на народот“.

Според Димовски, стабилен Парламент со 62 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, не значи помалку или повеќе работа за пратениците од коалицијата. Стабилен парламент со 62 пратеници значи стабилна Влада, стабилна Влада значи стабилна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top