-Организациските и структурни реформи кои дотогаш беа направени на некој начин беа само решенија кои беа технички и речиси да не функционираа. Исклучително тешка позиција беше состојбата на полицијата, бидејќи моравме да правиме суштински реформи кои дотогаш не ни постоеа. Ние имавме крајслери набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 и 2002 година, а од 2006 година па навака над 700 нови возила се набавени во министерството. Направивме значителни суштински реформи кои значат промена филозофијата на размислување во министерството за внатрешни работи што јасно го дефинираше носењето на одлуки на политичко и стратешко ниво. Овие реформи што почнавме да ги правиме за разбивање на различен вид на криминал почнаа да функционираат и да даваат резултати од 2007 па се до денес. Расте и бројот на нови откривања на криминалот во Македонија, голем број на резултати кои беа видливи како што се извештаите на стејдепартментот за борба против трговија со луѓе и извештаите на транспареншн интернационал за корупција во државата вродија со плод .Со овие реформи ние успеаме од 123 место да се симнеме некаде до 64-то место за борбата против корупција во нашата држава, изјави Чавков.
Тој посочи дека од 2006 година па досега се направени многу реформи со што македонската полиција се доближи до европската практика и методологија.
-Имавме стратешки пристап при што цел ни беше да обезбедиме проактивност во полициското работење, партнерство со останатите институции на системот и превенција, рече Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)