Од 2006 година до денес во Собранието на Р.Македонија донесени се преку стотици закони кои значат прилагодување на македонскиот законодавен систем со европските норми. Тоа значи дека земјата без разлика на политичката и економската ситуација во која што се наоѓа секогаш дава и политички и институционален приоритет на тоа што значи цел за зачленување во ЕУ. Тоа е првиот степен во кој Македонија инвестира за евроинтеграција, истакна пратеникот Антонио Милошоски на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ Држава“.
Тој посочи дека целосно се преведени европските директиви и регулативни на македонски јазик и целосно се прифатени.
-Од 2006 година до денес се преведени 7000 европски директиви или вкупно 80.000 страници на европското законодавство кое што ќе биде актуелно, применливо и употребливо и на македонски јазик, рече Милошоски.
Рој посочи дека третото ниво во кое се инвестира во однос на интеграциите во ЕУ е комуникацијата на македонското собрание со европскиот парламент.
-Во следниот период доколку имаме избори во кој сите политички актери ќе се донесуваат коректно, не очекува една сериозна реформска агенда и ќе можеме да се бориме за она што следува во нашата интеграција, а тоа е да ги отпочнеме преговорите за членство во ЕУ. Овие две години откако опозицијата ја зададе политичката криза оставија дамка на портфолието на Р. Македонија во очите на Брисел, но се надеваме дека и во рамките на опозицијата ќе превладее чувството за државните интереси, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)