Младиот Игор Томески од Тетово е добитник на Нобеловата награда за млади, што се доделува на најдобрите студенти од светот, објави телевизијата „Канал 5“. Тој е првиот Македонец кој ја добива оваа престижна награда.
Томески има 20 години и студира филмска и театарска глума и режија во Њујорк. Наградата се доделува од 2002 година. Томески е засега единствениот Македонец и втор од целиот регион, што ја добил Нобеловата награда за млади во износ од илјада долари.
Почесното здружение е основано од Кјелс Нобел, внукот на Алфред Нобел – основачот на Нобеловите награди, а негов претседател е Џејмс Левис, co седиште во Атланта, Џорџија.
Како што се наведува во образложението , Македонецот Игор Томески е двократен добитник на Нобеловата награда за драма, лидерство и визија за 2015 и 2016, за неговото дејствување во областа на филмот и театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Нобел под микроскоп: Сопруг на членка на Нобеловиот комитет откривал имиња на добитници
-
Зошто Тито никогаш не доби Нобелова награда за мир?