Рома стигна до голема победа во рамките од италијанскиот шампионат откако во дербито на колото славеше на гостински терен против Наполи со 1-3. Лучијано Спалети се реши да му даде предност на Един Џеко пред Стефан ел Шарави, а босанскиот ас максимално ја оправда довербата најавувајќи ја победата со два гола за водство од 0-2.
Кулибали, кој погреши при првиот гол за Рома, се искупи постигнувајќи гол со глава за 1-2, додека конечните 1-3 ги постави Мохамед Салах.
Рома со овој триумф го мина Наполи на табелата и се искачи на втората позиција со 16 бода, два помалку од лидерот Јувентус, кој вечерва го игра својот натпревар од осмото коло, на домашен терен против Удинезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)