
Најбрзиот човек на сите времиња, светскиот рекордер Усаин Болт, најави дека ќе се повлече од атлетиката следната година. Тој ќе учествува на Светското првенство во Лондон, а последната трка во својата родна Јамајка ќе ја има два месеци претходно.
– Последната трка во Јамајка ќе ја имам на митингот „Рејсерс Гран При“. Ќе биде тоа еден вид благодарност за целокупната поддршка што ја имав од моите сограѓани – изјави Болт.
Тој планира да учествува на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи од 5. до 13. август во Лондон.
– Да, дефинитивно ќе се пензионирам по Светското првенство во атлетика. Тоа ќе биде мое последно големо натпреварување – потврди спринтерот во телевизиската емисија „Насмевката на Јамајка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


