| четврток, 6 декември 2018 |

Да ја подигнеме јавната свест за дислексијата – „Различни, но моќни – тоа сме ние“ (видео)

Здружението за дислексија во Македонија „Ајнштајн“ ја почнува новата кампања „Различни, но моќни – тоа сме ние“ чијашто цел е подигнување на јавната свест за дислексијата во Република Македонија.

unnamed

Неколку препораки од Здружението:

– Да се прифатат учениците онакви какви што се, секој ученик е вреден и дека сите се тука  за да учат.

– Постојат различни способности и вештини и секоја има своја вредност – читање, математика, спорт, уметност. Пронајдете ја способноста на ученикот и  истата вреднувајте ја.

– Да се одбегнува натпревар со цел да се докаже кој е најдобар, особено во основно училиште.

– На ученикот никогаш не треба да му се каже дека за нешто е глупав, неспособен или дека нешто не му оди.

– Децата се многу поуспешни доколку што порано во нивните животи некој ЕКСТРЕМНО МУ ДАВА ПОДДРШКА И ГО ОХРАБРУВА, и кога ќе најдат област во која тие се успешни. Наставниците и родителите  може да креираат неверојатна поддршка доколку:

ГИ СЛУШААТ ЧУВСТВАТА НА ДЕЦАТА. Анксиозноста, лутината, и депресијата се секојдневно нивно друштво за децата со дислексија.

Возрасните треба да им помогнат ДА НАУЧАТ ДА ЗБОРУВААТ ЗА НИВНИТЕ ЧУВСТВА

Да се НАГРАДУВА ТРУДОТ А НЕ „ПРОДУКТОТ“. За учениците со дислексија оцените се помалку важни од прогресот.

Кога ќе покажат неприфатливо однесување, НЕ ГО ОБЕСХРАБРУВАЈТЕ (зборовите како„мрзлив“, или „непоправлив“ може сериозно да влијае на негативнта слика за себе кај детето).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top