| четврток, 6 декември 2018 |

Нема многу жени на пазарот на трудот, но се квалитетен, високообразован кадар

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е една од најсилните организации во Р. Македонија и партијата ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато денеска на панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема “Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”, на којашто учествуваа претседателксата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, пратеничката Валентина Божиновска, која е од самиот момент на формирање на партијата, Жанета Чаушевска, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска пратеник во собранието на Република Македонија.

Претседателката на Унијата Даниела Рангелова истакна дека таквата положба на оваа организација во партијата се должи на големата посветеноста на самите жени и на трудот кој што го вложуваат за да можат да дадат поголем придонес за состојбата на жената во целокупното општествено живеење.

Таа изрази голема благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за поддршката која ја добиваат жените бидејќи без таа поддршка жените не би ја имале таа моќ да зборуваат во нивно име и да креираат политики во партијата.

Кон неа се надоврза и Валентина Божиновска, која е од самиот момент на формирање на партијата.

Таа посочи дека позицијата на жената во партијата сега е многу силна, за разлика од порано. На почетокот од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот имало само 5 пратенички, со измените на законот за пратеници во 2002 таа состојба комплетно се менува. Во 2004 се менува и Законот за локална самоуправа со што жената ја добива својата рамноправност.
На панел дискусијата на ВМРО- ДПМНЕ на тема „Улогата на жената во општесвениот и политичниот живот“, говореше и Жанета Чаушевска, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Да се биде општо градоначалник во редовите на ВМРО-ДПМНЕ е голема чест и одговорност, одговорноста ја имаме пред се кон партијата, која што не кандидирала, одговорноста кон нашите гласачи, а да се биде жена градоначалник е уште еден предизвик повеќе, не да се потврди туку да се утврди дека нема разлика меѓу работата ако се работи за жена или маж градоначалник. Значи важно е да се работи, важно е да се извршуваат ветените проекти, да се биде доследен, одговорен, да се биде приземјен, секогаш на терен меѓу народот, да се има слух за нивните проблеми. Не е бважно дали си маж или жена, важно е да работиш чесно, вредно и да ги исполниш ветените проекти. Да бидеш со чист образ пред својата партија и пред своите гласачи, говореше градоначалничката Жанета Чаушевска.

Во владата на Република Македонија се донесени многу закони за заштита на жената од минатото па се до денес. Тука спаѓа законот за заштита на жената кога ќе се врати од породилно, таа да биде безбедна и да не стравува дека ќе биде избркана, а со ова ќе ги поттикне жените за многудетно семејство, вели Лилјана Кузмановска пратеник во собранието на Република Македонија.

-Нашата влада има направено за жените и навистина се чувствува гордо кога можев да презентирам ова во Брисел и што се има направено владата за жените во нашата држава. Владата во изминатитот период поднесе многу законски решенија и се зголеми учевството на жената на над 40 отство се со цел жените да дојдат родово сензитивни. Со законот за економското јакнење на жената, таа може да биде самостојна,  да се грижи за семејството, мора да потенцирам дека секоја година се издвојуват  се повеќе пари од буџетот преку повеќе проекти во Македонија за вработување на жените.  Тука спаѓаат и владините проекти како Македонија вработува, проектите преку агенцијата за вработување се само едни од многуте проекти кои ја поддржуваат жената, рече Кузмановска.

Пратеничката Кузмановска потенцираше дека во Битола во 2011 година донеле и пилот закон за родов сензитивен буџет, во делот на социјалната сфера исто така се донело закон за родова еднаквост помеѓу мажот и жената и дека овој закон за еднаква родовост е прв од ваков тип донесен во регионот.

-Затоа во изминативе години не може ниту една невладина организација да ни најде замерка и да не критикува дека жените се родово дискриминирани во Македонија, истакна Кузмановска.

Таа посочи дека сите мерки кои ги воведе Владата имаат рефлексија на локално ниво и им го олеснуваат животот на жените.

Како пример ги посочи големиот  број на инфраструктурни проекти кои им го олеснува животот на жените, изградбата на детските градинки, искористување на некои од мерките кои ги креира Владата за вработување, мерките за трето дете, спортски игралишта, мерката за млади земјоделци.

-Со изградбата на градинка, направи една верижна реакција со што голем број на мајки одлучија да се вработат, бидејќи порано немаше кој да им ги чува децата, рече Чаушевска.

Градоначалничката посочи дека за развојот на општина Градско големо влијание имала и странската инвестиција „Дрексел маер“   каде што се вработени над 160 лица од кои поголемиот број се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top