| четврток, 6 декември 2018 |

Драмски гостува во Сараево, Загреб, Белград: Актерите се вистински амбасадори на културата!

Драмскиот театар од Скопје се претстави пред босанската јавност со претставата “Генетика на кучињата” во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски.

genetika_na_kucinjata_sarajevo_7

Со претставата „Генетика на кучињата” од Венко Андоновски, Драмски театар покрај во Сараево ќе гостува и вечерва во „Гавела“ во Загреб, а на 17 октомври во Београдско драмско позориште во Белград.

genetika_na_kucinjata_sarajevo_8

Македонските актери уште еднаш докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура. Со одличен настап ги измамија аплаузите на сараевската публика, која дојде да ја проследи претставата.

genetika_na_kucinjata_sarajevo_11

Во претcтавата играа Драган Спасов, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ, Крсте Јовановски, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Гордана Ендровска и други.

genetika_na_kucinjata_sarajevo_12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top