Битолските актери ќе настапат пред израелската публика на 19 октомври со Шекспировата драма „Отело“ во режија на Диего де Бреа. Ансамблот на Народен театар-Битола ќе гостува на Фестивал за алтернативен театар во израелскиот град Ако, кој ќе се одржува од 17-ти до 20 октомври.
– На фестивалот во Ако првпат учествувавме минатата година кога ја изведовме претставата „Хепиенд“, а по одличниот прием гостувавме и во Тел Авив. Искрено, не очекувавме дека толку брзо ќе дојде поканата за наше второ претставување во Израел. Како прв и единствен театар од Македонија кој се претставил во Израел, освен што сме многу горди на тој податок, туку се надеваме дека токму ние ги отвораме портите за колегите од другите театри пред оваа интересна публика и фестивал, изјави Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.
По враќањето од Израел, ансамблот на Битолскиот театар ќе почне со подготовки на претставата „Доктор Фауст“ од Марло во режија на Андраш Урбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.