„Девојката со жиците“ е насловот на најновиот проект на подвижниот музички театар од Битола, кој на 26 ти мај, премиерно ќе биде изведен на Драма фестивалот во Љубљана. 5-тиот Драмски фестивал ќе се одржи од 26 до 31 мај во СНТ драма.
Проектот е во соработка на Националниот театар на Љубљана и подвижниот музички театар од Битола, по текст на Марјан Неќак и Маја Хрговиќ, а во режија на Неќак, кој е и композитор, во соработка за текст Ана Бунтеска. Кореограф е Жиган Крајчанр, играат Барбара Церар и Урош Фурст.
Се работи за драмска опера за една виолинистка, која патува со воз низ Европа трагајќи по подобро утре. Виолинските жици се претвораат во знаци на патот па се до бодликава жица, што го прави невозможно нејзиното патување да ја достигне посакуваната дестинација. Метафоричниот и драматичен музички резултат лесно се движи низ повеќе жанрови од рок, поп, електронска музика со длабоки чувства на циркуски звук до опера како кулминирачка точка на емоции и интерпретации на двајца соло изведувачи. Уште еден успешен проект на Неќак во соработка со режисерот Александар Поповски ќе биде изведен во Љубљана, имено денес таму гостува претставата Кралот Ричард трети во продукција на Гавела театар . Годинешното 5-то издание по ред на фестивалот е посветено на големиот словенечки актер и уметник Јернеј Шугман, кој за жал почина минатиот декември.
Во трите децении на неговото работење остави неизбришлива трага и придонес кон словенечката култура и нејзиното признавање на меѓународната сцена. Програмата на фестивалот ќе биде проследена со предавања, пост-шоу и два концерти. Претставата е помогната од Eurostandard. Следни изведби на Девојката со жиците се на 27 ми и 28 ми мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.