| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“: Владејачката партија има стабилна и убедлива предност пред опозициската СДСМ

27,6 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 16,1 отсто за СДСМ. Владејачката партија има стабилна и убедлива предност пред опозициската СДСМ во пресрет на изборите на 11-ти декември.

Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот Димитрија Чуповски спроведена во периодот меѓу 07 и 10 октомври Институтот Димитрија Чуповски на 1237 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување.

anketa-1

-Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти, информираат од Институтот.

anketa-2

anketa-3

anketa-4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top