| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија нема идеален здравствен систем, туку систем кој се развива врз основа на мудра стратегија

На панел-дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ За здрав живот“ денеска учествуваа министерот за здравство Никола Тодоров, доктор Александар Митов, Соња Липиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Сашо Стефановски директор на ФЗОМ, доктор Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести и доктор Виктор Камиловски од Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Цел на оваа панел дискусија е дека имаме здравствен систем во кој постојано се инвестира и се развива целиот систем на јавното здравство. Кога граѓаните зборуваат за јавното здравство треба да гледаат со оптимизам за она што е направено од минатото до денес, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот Тодоров во своето излагање се осврна на системот „Мој термин“, кој беше воведен во здравството и претставува суштинска реформа за која веќе интерес пројавуваат и други земји.

-Порано беше незамисливо дека може да има ваков систем и да се извадат вакви податоци за здравствената состојба од еден систем. Додека  пак сега може да знаме каква била здравствената состојба минатата недела за цела Македонија, рече Тодоров.

Тој е горд на овој проект и на целата проектна единица која што го имплементираше овој систем и потенцираше дека за успешноста на проектот  говорат и анкетите за задоволство кои покажуваат високи проценти на задоволство и меѓу пациентите и меѓи здравствените работници и тоа на 70 %.

акам да направиме паралела дали во минатото можеше да се дојде во точно време без воведување на мој термин? Дали имаше едукација на докторите во странство? До денес имаме вкупно 2.500 лекари кои отишле на обукаво странство. Дали се реновираше клиниката во козле? Дали се реновираше детската клиника? Дали имаше ангео сали во Mакедонија? Секако одговорот на сите овие прашања е не. Ако се вратиме во 2005 година ќе видиме дека се чекало од шест до осум месеци за преглед на интервентна кардиологија, сега тоа ни од далеку не е така и го нема. Се сеќавам кога пред седум и осум години се чекаше и до една година за преглед на зрачна тарапија, а денеска чекањето на истата оваа услуга е само три дена, потенцираше Тодоров.

Министерот се осврна и на  Државната кардиохирургија која пред 40 години, како што рече, беше сон за докторите, додека сега веќе неколку години одлично функционира оваа клина во Македонија.

Показател за тоа е фактот дека кога почнуваше со работа Клиниката за кардиохирургија се вршеа 20 до 30 интервенции годишно, а сега тој број на интервенции се врши на месечно ниво, рече Тодоров.

Во контекст на Кардиохирургијата се надоврза и доктор Софијанова која истакна дека ако пред 40 години се зборувало за Државна кардиохирургија за детска кардиохирургија не станувало ни збор и тогаш децата се носеле на кардиохируршки операции во странство. Денес успешно функционира овој проект во Македонија.

Здравството не е идеално, има уште многу предизвици, јас сум свесен дека здравството во Македонија не е идеално и тоа не е целта на оваа панел-дискусија, да кажеме дека имаме најдобар здравствен систем во светот – немаме најдобар здравствен систем во светот, но имаме здравствен систем кој постојано се развива во согласност на мудра стратегија, паралелно се инвестира во сите клучни столбови на здравството – во инфраструктурата, во опремата и во организацијата но и во човечките капацитети.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top