Не си одморен , постојано си деранжиран, немаш мир во својот дом сопствен дом, вели читателка на порталот http://mkd-news.com која бара помош од институциите да реагираат за она што се прави од диво изградена џамија која никнала во двор од куќа. Го пренесуваме писмото во целост во кое госпоѓата детално објаснува како изгледа еден нејзин ден – пеколен, без мир.
Почитувани,
Ви се обраќам со ова писмено за да ве известам за вознемирувањето кое ни се случува и да ве замолам , да ни помогнете на начин што ќе го објавите ова писмено и ќе проговорите за она што ни се случува, а се со цел , некој од надлежните да чуе и конечно да превземе нешто.
Имено станува збор за вознемирување-бучава која се пренесува во околината од деловните простории од зграда, 12-дванаесет катница( диво изградена), а адаптирана во џамија, како и од мегафонот кој е сместен на кровот од истата зграда, која зграда се наоѓа на просторот , меѓу ул. Крсте Арсенов и ул. Добри Даскалов, во Чаир-Скопје.
Бучавата е постојана, кога велам постојана бучава, мислам на бучава која се создава од секојдневното влегување и излегување од објектот, бучава од превземање на градежни активности за адаптирање на истиот, бучава од правосмукалкањето на истиот во текот на ноќта и во текот на попладневните часови, бучава од разговорите на сите оние кои го посетуваат овој објект во вечерните часови, рано наутро или во текот на денот недела, бучава од верскиот обред кој го водат на микрофон, а се пренесува на мегафон сместен на кровот и на крајот говорите на тие што ги вршат обредите, кои исто така се вршат на микрофон, без разлика кое време е во деноноќието или во неделата.
Превенствено сакам да кажам и јас сум верник, и јас ја практикувам и почитувам мојата религија и немам ништо против тоа да го прави било кој граѓанин на Р.Македонија, меѓутоа сум против да со практикувањето на некоја религија, да буквално се пореметува нормалното живеење и функционирање на цело едно маало. Попусто се молиш на Бога , за мир и благосостојба, ако ти им правиш зло на тие околу тебе!
Посочениот објект се користи како џамија уште од минатото лето, за време на постите. Истот и тогаш имаше реакции од соседите на бучавата( беше објавено и во весниците и на телевизиите), но луѓето кои го посетуваат овој објект велеа дека тоа ќе трае само за време на постите. Овогодишниот пост ќе дојде , а тие се сеуште тука и побучни од кога било . Не сакам ни да размислувам што ќе биде кога ќе почнат постите!
ЕДНО МОЕ ДЕНОНОЌИЕ
Секое утро се будам во 04-30час. затоа што тогаш им започнува обредот. Вратата од влезот им е веднаш наспроти терасата од мојата спална соба, така да
невозможно е да не се рабудиш, целиот обред се води на микрофон, со ширум отворени врати, за да може цел Чаир да слушне, не знам колку пати сум се симнала, за да ги предупредам за бучавата, да им затворам врата и на крај ништо, со продолжуваат по свое.
Од како ќе заврши обредот, продолжуваат со говор, за да на крај сите некаде кој 05-30час. да почат да си заминуваат, а некои остануваат и си разговаараат пред вратата на објетот, дури не излезат на тераса за да ги предупредам, кое време е.
До 09-00час. е мирно и тивко, а потоа доаѓаат деца, претпоставувам на веронаука, и повторно се вклучауваат микрофоните, овој пат со затворена врата, така да малку потивко се слуша, ама деца како деца, излегуваат, влегуваат и пак си на крaјот вознемирен.
Кон 12-30/13-00час. повторно се собираат, сега возрасните на молитва, и исто така се се пренесува на микрофон и мегафон и обред и говор.
Се собираат уште и во 19-40час., а последниот обред им завршува во 22-30/23-00час. и тој им е после овој на пладне, најпосетен,и повторно бучава и повторно вклучен мегафон и повторно говор на микрофон.
И сега почитувани, ве прашувам, како покрај ваква бучава и постојано вознемирување може да се живее и функционира???!!!
Дали во минатото оџите кои повикувале на молитва и ја воделе молитвата, го правеле тоа на микрофон и со помош на мегафон???!!
Не си одморен , постојано си деранжиран, немаш мир во својот дом сопствен дом.
А се поради тоа што на некои отпадници од Исламот им текнало да си направат џамија во деловни простории и да си го практикуваат исламот, на начин кој Исламската верска заедница не го дозволува. Објектот ниту е основан ниту има дозвола од Исламска верска заедница, ниту пак дозвола од било кој друг орган во Р.Македонија, ниту пак е наведен како Верски објект во Исламската Верска заедница на Р.Македонија ( објавени на официјалниот сајт на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Р.Македонија).
За информација за вознемирувањето кое ни го причинува бучавата е пријавувано повеќе пати во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија. На ден 09.05.2013год. во 05-20час. е составен Записник, кој е предаден во ПС Бит Пазар, по кој треба да се постапува, а дали ќе се постапи, ќе видиме.
Однапред ви благодарам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден
-
За некој ден ќе се роди Марко кој никогаш нема да го видиш: Сопругата на Оливер му напиша писмо!
-
Гинекологија Чаир: Родилката почина како резултат на комплицирана бременост
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)