Со одлично извозен круг во последните моменти од втората квалификациска сесија, Валентино Роси му ја зграби пол-позицијата на Марк Маркез кој до тогаш беше најбрз на гридот. За италијанскиот возач ова ќе биде трета пол-позиција во тековната сезона, воедно втора негова на патеката Мотеги.
Доминацијата на лидерот во генералниот поредок од тренинзите продолжи и на квалификациите откако маркез извозе круг од 1:44. 134 секунди. Само неколку секунди подоцна „докторот“ на својата Јамаха го подобри времето возејќи под една минута и 44 секунди. Па така, маркез кој има шанса да ја освои шампионската титула уште во Јапонија ќе мора да се задоволи со втората позиција. Првиот стартен ред ќе го дополни Хорхе Лоренцо кој излета од својот мотоцикл на последниот тренинг, во сличен стил како и Дани Педроса неколку часа претходно. За среќа, Лоренцо мина без посериозни повреди, а третата позиција на стартот го докажува тоа.
Андреа Довициозо имаше простор да стартува од првиот ред, но Роси и Лоренцо се помешаа, па ќе мора да се задоволи со место во вториот стартен ред.
Штефан Бредл кој го фати ’последниот воз’ за пласман во втората квалификациска сесија излета на незгодниот 11. свиок, па на крајот ќе стартува од 13. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.