| четврток, 6 декември 2018 |

Драма пред Владата на Србија: Криминалец сакал да се разнесе со две бомби

Маж на возраст од 40 години ѝ се редал на полицијата пред зградата на Владата на Србија со две бомби во рацете, со кои се заканувал дека ќе се разнесе

Полицијата преговарала со четириесетгодишен маж кој се заканувал дека ќе се разнесе пред зградата на Владата на Србија цели три часа, по што тој се предал со две бомби во рацете. Сообраќајот во центарот на Блград бил блокиран од 4 до 7 чсаот.

Драмата започнала во 4 часот кога мажот со богато криминално досие почнал да се заканува дека ќе се разнесе. Се уште не е познато какви барања имал, но наводно барал да разговатра со припадни на полицијата кој работел на некој од неговите случаи.

Репортер на Танјуг јавува дека сообраќајот е нормализиаран, а на криминалецот му следува кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top