Не може душманот што плука на знамето да биде подобар од колегата во станица, не може душманот кога ќе ја слушне химната на Македонија на телевизија да го запре телевизорот, а на тебе срцето ти трепери. Тука има лојални, вредни и верни лченови тука и тие треба да бидат само малку испочитувани, потенцираше Јохан Тарчуловски на вчерашната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.
– Најпрво треба да се гледа татковината, а потоа својот живот, ние, народот сме тие кои први треба да излеземе кога ќе ни биде најтешко, ние сме луѓе кои не бараме многу, не летаме во облаци, но сакаме да не ценат, да не вреднуваат. Ние бранителите сме душата на овој народ, на пола од луѓето тука им ги знам маките, на 70 отсто од луѓето тука знам што ги мачи, затоа ако сме сложни, ако сме сите заедно ние ќе успееме. Ако еден со еден се кодошиме, се цинкариме, плукаме по луѓето, никој ништо нема да успее. Пола од овие тука се полицајци, пола од овие луѓе се дел од армијата на Република Македонија, едно работно место не мрднаа во овие 15 години, но тие полицајци уста не отворија и уште ќе бидат позади лавот и сонцето. Никогаш не сме ја тргнале нашата мисла, ние сме родени со тој лав и тоа сонце, ние немаме друга опција и да се знае дека ние никогаш нема да го предадеме тоа сонце, изјави Јохан Тарчуловски на вчерашната трибина на бранителите „Секогаш спремни“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Јохан Тарчуловски вели дека бранителите се тие кои секогаш ќе бидат тука за татковината, „но немојте да заборавате дека сите бранители во оваа држава имаат и достоинство, тоа достоинство никогаш нема да го погазат и памтете дека ние до крај ќе останеме сплотени, Македонија е една, нема тука ни поделби ни кавги меѓу себе“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)