| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Просечната пензија од 2006 досега се зголеми за над 70 отсто, а најниската пензија за 90 отсто (видео)

 

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Македонија која континуирано води грижа за највозрасните граѓани. Тоа го покажавме со конкретни дела, истакна дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов на панел дискусијата организирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се луѓе кои се бореа за Македонија, ја дадоа својата пот, па дури и крв за да можеме да ја прославуваме нејзината независност. И токму затоа од 2006 година до сега спроведовме многу мерки за пензионерите. Највозрасните до тогаш беа на маргините на општеството. Наша заложба беше да се подобри нивниот живот. Просечната пензија од 2006 година до сега се зголеми за над 70 проценти, а најниската пензија се зголеми за 90 отсто. Нема да застанеме тука. Истоа така ноемвриската пензија повторно ќе биде зголемена за 5 проценти. За разлика од порано, пред 10 години, денеска пензиите редовно се исплаќаат, истакна Спасов.

Потенцираше и дека се реализирани и голем број на проекти за подобрување на животот на пензионерите, како што се бесплатно банско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд за пензионери, бесплатен превоз во градски со и железнички сообраќај.

-Во периодот пред 2006 година голем број граѓани беа оставени на питачки стап. Денес ситуацијата е поразлична. Социјалната помош и постојаната парична помош исто така се зголемени, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top