Во 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ го презеде формирањето на Владата на Р. Македонија се соочивме со исклучителен поразителен податок дека 50% од населението имаше едвај основно образование. Тие бројки укажаа дека треба да се направи реформи во образовниот систем и инфраструктура, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој учествуваше на панел дискусијата во органзиација на ВМРО-ДПМНЕ.
-Една од политиките кои ги воведовме беше задолжително основно и средно образование. Пред 2006 беше 2000 евра за студирање на факултетите. Ги намаливме партиципациите на 200 до 400 евра за да можат учениците да размислуваат и за високо образование. Како одминуваат години доаѓаме до европскиот стандард. 71 % од студентите кои се запишуваат на факултет го продолжуваат и завршуваат високото образование. Образованието е еден од петте приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.
Тој посочи дека во 2006 година во буџетот на Р.Македонија за образованието беа одвоени 16 милијарди денари, додека сега за образованието се одделуваат 10 милијарди денари денари повеќе.
Ристовски потенцираше дека до 2006 не беше изградено ниту едно ново училиште во Р. Македонија , а од 2006 до сега се изградени 74 комплетно нови училишта и реконструирани се повеќе од 400 училишта.
Во изминатите десет години во образовна инфраструктура се вложени околу 120 милиони евра, а со дополнителната инвестиција од околу 32 милиони евра ќе ја достигнеме бројката од 150 милиони евра.
– Тоа се инвестиции кои се видливи и која ниту една политичка партија не може да ги оспори, истакна Ристовски, додавајќи дека се направени низа реформи во насока на развој на образованието.
Ристовски посочи дека е воведено задолжително основно и средно образование, намалена е партиципацијата за студирање на 200 до 400 евра, а изградени се и 74 комплетно нови училишта и реконструирани се повеќе од 400 училишта.
– Ги намаливме партиципациите на 200 до 400 евра за да можат учениците да размислуваат и за високото образование. Како одминуваат години доаѓаме до европскиот стандард. 71 процент од студентите кои се запишуваат на факултет го продолжуваат и завршуваат високото образование. Образованието е еден од петте приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.
Тој посочи дека во 2006 година за образованието се одвојувале 16 милијарди денари за разлика отсега кога се одвојуваат 10 милијарди денари денари повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)