| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен член на „Пинк Пантер“ заради убиството на Сале Мутави (видео)

Членот на бандата „Пинк Пантер“ бил уапсен вчера поради соучесништво во убиството на Александар Станковиќ, познат како „Сале Мутави“. Според првите информации, станува збор за пријател на Иван Адровац, кој се доведува во врска со атентатот на Милан Бек.

ubistvo-sale-mutavi-pink-panter-01Уапсениот „Пинк Пантер“ во јавноста е познат по спектакуларното бегство од француски затвор. Од тогаш е во Србија, бидејќи Французите по него распишале потерница.

Тој го преземал раководството над „Пинк Пантер“, откако Адровац бил уапсен во Швајцарија. Тој и уште еден истакнат член се единствените „Пинк Пантер“ кои летово, поради потерниците, не можеле да побегнат надвор од земјата.

ubistvo-sale-mutavi-pink-panter-02Лидерот на навивачите на Партизан, 29-годишниот Александар Станковиќ, познат и како Сале Мутави, бил убиен вчера околу 21 часот во пукање на раскрсницата на Бавчанска и Улицата на Господар Вучиќ, во близина на капијата на Централниот затвор во Белград. Во пресметката учествувале припадници на црногорски криминални кланови.

Пукањето се случило кога од возило во движење од автоматско оружје биле истрелани рафали на два автомобила. Во „Аудито“ бил Станковиќ, додека ранетиот чувар бил во друг автомобил. Засега не е познато како чуварот се нашол на местото на пукањето.

ubistvo-sale-mutavi-pink-panter-03Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денес рекол дека зад убиството на Станковиќ стои најорганизираната криминална група на Балканот.

“Станува збор за најорганизираната криминална група на Балканот од една од поранешните републики на СФРЈ. Учествувале повеќе луѓе кои биле на врвот. Полицијата во текот на вечерта привела едно лице, кое е осомничено дека е соучесник во делото, а по неколкумина се трага и мислам дека имаме добра насока кога станува збор за расветлување на овој случај’, рече денеска Стефановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top