По заклучоците донесени на Париската мировна конференција, на која се исцртуваше светската мапа по крајот на Втората светска војна, луѓето веруваа дека границите на државите се конечни и дека не е возможно нивно ново прекројување, изоставувајќи го од ова разединувањето и обединувањето на одделни федерации и сојузи. Дел од научната јавност посочила дека тоа е незапирлив процес, а по 70 години станавме сведоци на тоа што го говорела науката.
Јавноста треба да знае, а образовниот систем да нагласи некои факти што се есенцијални за нашето поднебје, со тоа ќе бидеме посвесни за нашето постоење и повеќе ќе го почитуваме тоа што го имаме, а идните генерации ќе бидат поподготвени. Тука би набројал само неколку од нив:
- Војните не се само дел од минатото, тие се одигруваат и денес, ќе се одигруваат и во иднина;
- ние временски и просторно не сме далеку од нив;
- граници се менуваат и изникнуваат нови држави во XXl век, ќе изникнуваат и во иднина;
- антагонизмот од Студената војна не е завршен и гледаме некоја втора студена војна, или првата не ни завршила, историјата ќе каже;
- доколку имало две балкански војни тоа не значи дека не може да има уште две;
- Европа е во мир 70 години и нема гаранција дека ќе биде уште толку во т.н. римски мир;
- човекот сѐ уште го нема пронајдено идеалното општествено уредување и во иднина ќе гледаме нови концепти и системи на општествено уредување. Едноставно, треба да сме свесни дека ништо не почнува од нас и не завршува со нас.
За разлика од некои потривијални точки на светската мапа, тука на Балканскиот Полуостров нештата се менуваат на дневна основа, секако, некој емисар од Запад надмено би констатирал „прости Балканци“ без да знае дека на овие простори секој еден потег има своја причина длабоко во историјата. За да се исполнат сите големодржавнички соништа на балканските народи би требало полуостровов да го триплираме, но повторно нема да бидат сите задоволни, едноставно, половина од поривот за големи држави доаѓа од потребата за ресурси и за територии, другата половина припаѓа на потребата да му се зграби нешто на соседот и да се покаже супериорност.
Од појавувањето на Призренската лига, па сè до ден денешен кај Албанците опстојува големодржавничкиот сон наречен „Голема Албанија“. Кај секоја држава и народ постојат тенденции за територијално проширување, но истото мора во себе да има барем минимум историска оправданост, но кога таа изостанува, на сила стапува „политичката оправданост“ и „неопходност“. Во првата мапа на која се исцртани границите на „Голема Албанија“ од Македонија се вклучени градовите Гостивар, Тетово и Дебар. Неоправданоста на таа мапа е во тоа што во тој период во Тетово и во Гостивар од сите граѓани најмалобројни биле токму Албанците, кои немаат ни свои топоними за овие простори. Но мапата била водилка за териториите, кои преку висок наталитет треба да бидат албанизирани во иднина. Во претходните децении на овие територии, посочени од Призренската лига, доминантно стана албанското население, што значи успеале во својата стратегија во однос на демографската слика, им остана само да го материјализираат планот. Создавањето на Република Косово ги подгреа радикалните струи кај Албанците, кои помислија дека сега е моментот за остварување на сонот. Албанците го користат моментот и зграбуваат колку што можат, како ќе ја водат политиката и како ќе се постават останува на нив.
Албанците при кроењето на првичната мапа се повикувале на Косовскиот вилает. Проблемот во приказната им се појавува кога на пописните документи правени од османлиите ќе увидат дека на тие простори не биле мнозинство. Уште поголем проблем им се појавува доколку апетитите одат во обратен правец, тоа, всушност, и се случи, Србија, исто така, се повикуваше на Скопскиот вилает при својот мегаломански големодржавнички сон, кој заврши со губење територии.
И додека голем дел од македонските граѓани тврдат дека ова се еден куп глупости, заговори и политикантство, радикалниот елемент кај Албанците издаде нова мапа. Во новата мапа веќе не станува збор за Тетово, Гостивар и за Дебар, тие се ставени во делот на завршени работи, сега во мапата се вклучени повеќе од 50 проценти од територијата на Република Македонија. Сега цел се градовите: Струга, Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Велес, Крушево, Ресен, Куманово, во таа мапа е вклучен македонскиот амбар – Пелагонија и најголемите водни ресурси на Република Македонија со двете езера Охридско Езеро и Преспанско Езеро. Круната на сето ова треба да биде Скопје – главниот град на Република Македонија, кој заедно со целата негова околија е вклучен во мапата на „Голема Албанија“.
Комфорот што го чувствуваат жителите на Општините Центар, Карпош, Кисела Вода и на Аеродром мислејќи дека тие се сигурни во својот дом, е привиден. Доколку еден жител на Капиштец ја погледне мапата на проектот „Голема Албанија“, својот „сигурен“ дом ќе си го најде од таа страна на границата.
На крајот не е важно што бараат и за што се залагаат Албанците, да речеме дека тоа е нивно право и сакаат да заграбат што повеќе територии, на крајот од денот, треба да се прашаме што правиме ние за да ја зачуваме нашата држава, односно што прават поединци, кои преку ноќ овозможуваат сонот за „Голема Албанија“ да биде комплетиран. Проблемот се појавува кога тој што врши опсада ќе најде своја продолжена рака меѓу тие на кои е направена опсада, рака што ќе му ја отклучи вратата однатре, што е пострашно и од Троја.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој има полоша улога и од Тројански коњ, во своето додворување кон Албанците ја става на распродажба цела територија на Република Македонија. Албанецот што сака да учи музичко, како што вели Заев, може да го оствари тоа право во средини каде што повеќе од 25 проценти од населението се Албанци, тоа го добивме од Рамковниот договор, притоа не се осврнува на фактот дека во тие средини Македонецот наидува на опструкции да се обраќа во административните установи на македонски јазик. Зоран Заев целејќи на албанските гласови ја растури половина партија што ја раководи, неговиот замислен концепт за граѓански партии во овој момент не е возможен по ниту еден параметар, но што знаат радикални левичари што е созревање и искуство, тие сметаат дека сѐ почнува од нив и со самото тоа одат во пропаст каде што ја влечат и државата.
При поделбата на Македонија во 1913 година повод, темел и оправданост на таа поделба соседите наоѓаа кај дел од Македонците, кои решиле да станат Срби, односно Бугари и Грци. Денес политиката што ја спроведува СДСМ ги претставува темелот и оправданоста за идната федерализација на Македонија.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Athens voice“: „Тројанските коњи“ на Договорот Скопје-Атина, се врв на ледениот брег
-
На Денот на независноста „Ристо Шишков“ отворен со косовска претстава за Голема Албанија
-
Руски „Известија“ предупредува: Во јуни почнува реализацијата на Голема Албанија
-
Пеколниот план на американскиот дипломат Вокер за обединување на сите Албанци