Грижата за земјоделците е голема и таа ќе продолжи во иднина, беше истакнато на денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.
–Ако во минатото до 2005 статусот на земјоделецот бил на многу ниско ниво, биле фрлени на милост и немилост, Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес има исплатено над една милијарда евра субвенции за поддршка на приходите кои земјоделците ги остваруваат од својата дејност. Со донесување на низа закони со кои ќе се овозможи канализирање на земјоделските стопанства да бидат евидентирани, да се обезбедат за нив низа мерки, да бидат насочени и да користат низа мерки кои се предвидени како пакет кој го спроведуваме 10 години, рече Костадиновски.
Тој потенцира дека ефектот од овие политики е голем.
–Во 2005 година имало 10.000 евидентирани земјоделци, денес во регистарот има 100.000. Со сетот на мерки од изминативе години се овозможува самовработување за земјоделците и за проширување на бизнисот. Се субвенционира набавка на добиток, на земјоделска механизација, се обезбеди достоинствен начин на живот за земјоделците пензионери, тие да си ја обезбедат иднината. Во минатото кога не се водело грижа за нив, тие работеле ама ги немало во евиденцијата. Сега можат да си остварат достоинствена пензија, истакна заменик-министерот во МЗШВ.
Тој потенцира дека минативе години се зголемува и извозот на земјоделски производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)