| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски – Хан: Исполнети се условите за одржување на изборите на 11 декември

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската унија.
На средбата соговорниците разменија мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата за изборите и случувањата со емигрантската криза.

Соговорниците констатираа дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

gruevski-han3-640x786

Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето доверба е потребен ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.

Соговорниците разговараа и за предизвиците со емигрантската криза каде што Република Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности беше заклучено дека е потребно заедничко и координирано дејствување во согласност со стратегиските определби на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top