Единаесеттиот свиок на патеката Мотеги во Јапонија го исфрли Дани Педроса од неговиот мотоцикл. Шпанскиот возач на Репсол Хонда кон крајот на вториот слободен тренинг изгуби контрола над својата машина и беше катапултиран на земјата покрај патеката.
На медицинските прегледи е востановено дека Шпанецот се здобил со скршеница на десната клучна коска поради што ќе мора да паузира од јапонското ГранПри кое е на распоредот овој викенд, а дефинитивната прогноза за тоа колку трки ќе пропушти ќе биде познато откако ќе му биде извршена операција. Негова замена до тогаш ќе биде Хироши Аојама.
Минатиот пат кога Педроса ја скрши клучната коска (2011 година, Ле Ман) мораше да изостане од три трки, па голема е веројатноста дека ќе биде во ’аут’ до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.