Политичката криза во нашата држава трае предолго. Таа е наметната од опозицијата. Кризата предизвикува не само политичка штета, туку и економска. Го раѓа разбирливото чувство на загриженост и несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на оние кои ја предизвикаа – забавување на растот, забавување на реформите, донесување деструкција и конфликтност, истакна денес Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тoј најави дел од активностите на владејачката партија за наредните неколку денови.
– Наредните денови ќе имаме партиски настани, собири и трибини на кои ќе се дискутираат нашите проекти, постигнувања, но и генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчет, реални проекти и дела. Карактеристично за нашата партија и она што нас нѐ прави поразлични од нашите политички противници. Додека тие се занимаваат со смислување начини како да одбегнат избори или како да продолжат со деструкцијата и да ја продлабочат кризата, ние дискутираме за реалните проблеми на луѓето, на граѓанинот, што е и наша обврска како политичари и се фокусираме на секојдневието на граѓаните, а не на маглата од негативизам која ја креира опозицијата – истакна Тодоров.
Наскоро поопширно…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)