Ноќва во 2.41 часот во Скопје на бул. „Видое Смилевски-Бато“ непознато лице извршило разбојништво над Д.Р. (29) од Велес, со привремен престој во Скопје.
Откако оштетената излегла од лифт на четвртиот кат, го забележала непознатото лице стои во ходникот. Продолжила пешки по скалите, но тогаш сторителот одзади ја фатил за коса, ја удрил по лицето ѝ ја земал кесата што ја носела в рака, а во која имало работна униформа. Потоа со трчање го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата