| четврток, 6 декември 2018 |

Со вреќа пари одат во продавница, но не можат ништо да купат

Земјата која има поголеми нафтени резерви тоне во сѐ поголема сиромаштија

 

 

Инфлацијата се приближува на ниво од 1000 отсто, поради што осиромашените граѓан и одат наоколу со вреќи безвредни пари, а немаштјата за храна и лекови ја доведува оваа земја со 30 милиони жители на раб на хуманиарна криза.

Санта Елена де Уаирен е град на границата со Бразил, а долго се сметало за него дека е неразвиен, бидејќи е оддалечен од брегот во внатрешноста на земјата.

Меѓутоа, екеска се смета за рај во земјата, затоашто е оддалечен од хаосот и криминалот кои владеат во остатокот на земјата. Благодарение на Бразил во овој град најмалку се чувстува немаштијата, пишува Гардијан во рпортажа за Венецуела.

Печатењето на парите е поскапо од нивната вредност

Бидејќи Санта Елена е оддалечена од остатокот на земјата, комуникациските врски се лоши, па не фукнционира електронското плаќање и нема банкомати. Жителите мораат да работат со готовина. Животот би им бил полесен когаВладата би печатела банкноти поголеми од 100 боливари, зашто поради хиперинфлацијата имаат многу мала вредност, околу 10 центи, па луѓето мора да носат вреќи пари.

-Пазарам со вреќа пари, толку голема што ме боли грбот од неа, вели Кармен Рамирез, директорка на локален хотел, за Гардијан.

Луѓето во бакна одат со куфери во кои носат пари за да ги платат сметките.

Централната банка не сака да ги открие трошоците за печатење пари, но се проценува дека се за околу 20 отсто повисоки од вредноста на самите банкноти.

-Не вредат колку што чини нивното печатење. Звучи како виц, но така е, вели економистот Хосе Мануел Пуенте.

Литар нафта во Венелуела чини само 6 боливари, што е помалку од цент или 100 пати поевтино од минерална вода.

Во трговските центри невозможное да се купат многу прозиводи, како грав, шеќер, масло за готвење, тоалетна хартија, производи за деца. Сепак, храна може да се навади со странска валута, но четвртина од популацијата не зработува ни минимална плата од 22,500 боливари месечно, што реално вреди околу 20 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top