| четврток, 6 декември 2018 |

Во Загреб оддадена последна почит на Љупка Димитровска

Во Загреб се одржа комеморација по повод смртта на пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера, на која присуствуваа многумина нејзини роднини и пријатели.

Меѓу оние кои дојдоа за последен пат да се простат од „вечната девојка од хрватската естрада“, како што во Загреб ја именуваа славната поп-пејачка со македонско потекло, беше и оперскиот пејач Роналд Браус.

Љупка Димитровска 2

Проштален говор на комеморација одржа нејзиниот колега Миро Унгар.

Љупка Димитровска е родена на 25 јули 1946 во Скопје, но речиси целиот свој живот и кариера ги мина во Загреб, каде што и почина минатата седмица.

Љупка Димитровска 3

 

Беше во брак со хрватскиот композитор и диригент Никица Калоѓера, кој почина во 2006 година. Таа има издадено вкупно 11 албуми и повеќе од 20 синглови. Меѓу нејзините најголеми хитови се „Адио“, „Та твоја барка мала“, како и баладата „Ѕвонат ѕвонат“ изведена на штипски „Макфест“ во 1990 година.

Љупка Димитровска почина на 3 октомври оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top