| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници луѓе му оддадоа последна почит на боксерската легенда Мухамед Али

muhamed ali

Повеќе илјади луѓе се збогуваа и оддадоа почит за починатиот легендарен боксер Мухамед Али, еден од најголемите спортисти на 20. век.

Лица од најразлична вероисповест, нација и раса пристигнаа во Луисвил да оддадат последна почит за големиот Мухамед Али, добар дел од нив скандирајќи го постојано и неговото име.

Меѓу присутните кои беа дел од говорниците на последното испраќање на легендарниот боксер беше уште еден поранешен боксер, Шугар Реј Леонард кој истакна дека Али беше човек со силен карактер кој го водел низ текот на целата кариера.

– Али не беше само спортист. Тој работеше за подобар свет. Тој беше голем хуманитарец, борец за граѓански права и социјална правда. Али беше идол, пријател и ментор – рече Леонард.

Свештеникот и борец за човекови права, Џеси Џексон истакна дека Мухамед Али поставил пример за спортистите со своето достоинство во рингот и „смислата за херојство“ надвор од него, поради што беше „жива легенда“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top