| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за Тотенхем: Кејн ќе игра на дербито со Арсенал

Tottenham v Liverpool

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн изјави дека целта му е да се врати во игра за дербито со Арсенал на 6 ноември.

Англискиот репрезентативец нема играно од 18 септември, кога заработи повреда во глуждот во натпреварот со Сандерленд. 23-годишниот голгетер на „петлите“ ќе започне лесни тренинзи следната недела и ако се оди според планот, ќе биде подготвен за дербито на Северен Лондон.

И покрај отсуството на најдобриот напаѓач, Тотенхем игра солидно на почетокот на сезоната. Екипата се наоѓа на второ место во Премиер лигата, само на поен од лидерот Манчестер Сити, кого го победи со 2:0 во претходното коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top