| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Ни треба стабилна влада за да се справи со сериозни предизвици

risto-nikovski

Во вечерашната емисија „Аргументи“ на ТВ Нова се дебатира на темата „Услови за избори има, ќе има ли избори?, а гости во студиото се политичките аналитичари Ристо Никовски и Александар Станковски.

Никовски во едно од своите излагања истакна дека на Македонија и треба стабилна влада за да се справи со сериозни предизвици, а оцени и дека услови за одржување на избори има, а тоа го потврди и комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан.

– Тоа го потврди и Хан: Условите веќе никој не може да ги доведе во прашање. А до вчера, кој диктираше? Пак од надвор се диктираше дека услови нема, затоа што ним не им одговараше, беше прерано и СЈО да ги даде своите резултати кои тие ги очекуваат и тоа колку е власта зависна од меѓународниот фактор, тоа е исто една реалност со која мора да се живее, изјави Никовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top