Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски преку својот Фејсбук профил информираше дека започна набавката на нов мебел за 10 студентски домови.
– Во рамки на стратешкиот план за унапредување на студентскиот стандард, во делот на подобрувањето на условите за сместување и домување во државните студентски домови, покрај неколкуте капитални инвестиции кои се веќе реализирани, дел се во тек, а дел наскоро ќе започнат, ветивме и набавка на нов мебел за сите студентски домови, со цел да се замени постојниот, што веќе е прилично дотраен, затоа што го користеле многу генерации студенти.
Сакам да информирам дека преку Бирото за јавни набавки веќе е започната повеќегодишната набавка, односно постапката за избор на фирма која ќе треба целосно да ги опреми сите 10 државни студентски домови со нови кревети и душеци, маси, столици, бироа, полици и плакари. За оваа намена е предвиден буџет од 100 милиони денари.
Јавното отворање на понудите е на 14 ноември, така што веднаш по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот ќе започне и дистрибуцијата на новиот мебел, а тоа се очекува на почетокот на следната 2017 година, со што ќе оствариме уште едно наше крупно ветување кон сегашните и идни студенти, напиша Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
350.000 евра за мебел – „МЕПСО“ ќе набавува фотељи, столчиња, кујни…
-
Раководството на студентскиот дом „Стив Наумов“ се правда – виновни се претходните
-
Природен освежувач за дома, ќе ги избрка и комарците
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, а сега кратат 155 милиони денари планирани за студентски домови