Нови Сад е избран во 2021 година да биде една од трите европски престолнини на културата.
На Нови Сад и романскиот Темишвар ќе им се придружи и еден град од Грција, за што одлуката ќе биде донесена следниот месец. Во конкуренција се грчките градови Елефсина, Каламата и Родос.
Нови Сад во финалниот изборен круг за европска престолнина на културата го победи Херцег Нови и на тој начин стана прв град од земја која се уште не е членка на ЕУ, а кој ја освои оваа престижна европска титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.