| четврток, 6 декември 2018 |

Поигрувајќи си со двојазичните табли, СДСМ го потценува членството

sdsm-cair-zaev

СДСМ го потценува целиот македонски народ, а особено си поигрува со своето членство.  Откако на дело почна да ја применува најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли, партијата на Зоран Заев се соочува со револтот од страна на македонските граѓани. Затоа одлучи повторно да го излаже народот.

Денес од СДСМ испратија соопштение во кое пишуваат дека „натписот на партиски простории на СДСМ во Чаир е поставен без одлука на органите и телата на партијата“. Ова тврдење на СДСМ е целосна невистина.

cair

Членовите на СДСМ биле прашани дали се согласуваат со одлуката за поставување на двојазични табли и одговориле потврдно, односно се согласиле.

Во решителноста на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја направи Македонија двојазична кога ќе дојде на власт му се попречува фактот што убедливото мнозинство на македонски граѓани не се согласуваат со неговата идеја и на истата бескомпромисно се противат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top