| четврток, 6 декември 2018 |

Како Ванда ги скара Икарди и Макси Лопез: Ми порача да и купам „Ајпад“, а потоа нивниот брак беше готов

vanda-ikardi

Еден од најголемите фудбалски скандали во последните години е оној помеѓу аргентинците Мауро Икарди и Макси Лопез, откако првиот му ја украдe сопругата Ванда Нара на својот најдобар другар. Младиот Икарди во својата автобиографија која излезе неодамна, детално опишак како сето тоа се случило.

– Ден пред да заминам на турнеја во САД со младата репрезентација, добив порака од Ванда. Тоа ме изненади, затоа што вообичаено комуницирав со Макси, а не со неа. Ми кажа дека сака „Ајпад“, затоа што уредот уште немаше пристигнато во Италија. Размислував дали „Ајпадот“ е навистина тоа што го бара или е само изговор за да контактира со мене, пишува Икарди.

– И го купив „Ајпадот“ и почнавме да се допишуваме поактивно. Ванда ме повика на јахта со Макси, Бергесио и неговата сопруга, а јас прифатив. Во еден момент бев во другиот дел од јахтата и си слушав музика, а таа дојде до мене и седна на мојот кревет без никаков срам. Во тој момент, нејзината врска со Макси беше готова, раскажува фудбалерот.

По разводот со Макси Лопез имаше неколку тензични моменти помеѓу двајцата аргентинци кои настапуваат во италијанската Серија А, а пред почетокот на мешусебниоте дуели, Макси неколку пати одби да се ракува со Икарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top