Со мала прослава меѓу најблиските, поп-пејачот Дарко Илиевски, пред неколку дена се ожени во Охрид. Сопругата на Илиевски е Ивана Келешоска, која по потекло е стружанка и живее со семејството во Флорида.
Дарко и Ивана, кои во моментов се во Охрид, исто така, планираат да живеат во САД.
– Јас и Ивана бевме во врска пред осум години. Потоа – таа во Америка, јас тука, секој на различна страна и загубивме контакт. Последнава година почнавме повторно да комуницираме на Интернет. Ја обновивме љубовта кога дојде таа во Охрид. Ивана е вистинската, ја сакам, се разбираме, убаво ни е заедно. На 16 септември ја побарав за жена, но не сакав ништо да објавувам. Направивме регистрација во Охрид, мала прослава само за најблиските, како што сакавме двајцата – изјави Дарко за „Вест“.
Илиевски додаде дека за САД најверојатно ќе замине следната година, а веќе е во комуникација со американски издавачки куќи за и таму да продолжи да се занимава со музика.
Ивана, која е професорка по англиски, е ќерка на легендарниот македонски диџеј и менаџер, стружанецот Славе Келешоски, кој во осумдесеттите години, неколку години по ред, беше избиран за најдобар диџеј во Македонија.
Дарко го прослави бракот и со неговите блиски пријатели и соработници меѓу кои и Димитар Андоновски, Магдалена и Лазар Цветковски, Панчо…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.