| четврток, 6 декември 2018 |

Имаше само едни чевли за на училиште, па мораше бос да игра фудбал

Real Madrid vs FC Barcelona

Фудбалерот кој е дел од најдобрата тројка напаѓачи во тимот на Барселона, Луис Суарез, имал тежок пат до славата. Тој како дете имал само еден пар чевли, така што не му било воопшто лесно за да стигне до местото каде што сега се наоѓа.

– Додека беше дете, секогаш имаше само еден чифт чевли кои мораше да ги чува и да ги носи само на училиште. Кога другите деца ќе го повикаа да оди со нив да игра фудбал, истрчуваше од дома бос бидејќи не сакаше да ја пропушти можноста за да игра со нив, вели мајката на Луис Суарез, Сандра Диаз.

Уругваецот имал и тежок почеток на кариерата, но успеал самиот да се избори за сето она што го направи во кариерата.

– Кога го запишавме во фудбалското училиште, имавме чувство дека ќе мораме секое утро да го будиме и да го молиме да оди  на тренинг, но тој секогаш стануваше на време. Понекогаш дури беше станат и пред време за да може да се подготви. Секогаш мразеше да губи и тоа мислам дека беше единствената работа што не можеше никогаш да ја поднесе во фудбалот. Знае да биде лут и кога нема да постигне гол, но кога ќе загуби, тогаш со него е навистина тешко да се комуницира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top