Само интервенцијата на обезбедувањето спречи инцидент помеѓу легендарните аргентински фудбалери Диего Армандо Марадона и Хуан Себастијан Верон за време на хуманитарниот меч во Рим во организација на папата Франциско.
Изгледа Верон сѐ уште ги нема заборавено обвинувањата на Марадона, по дебаклот на Аргентина на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
„Гаучосите разочараа на тој Мундијал и со убедливи 4:0 загуби од Холандија во четвртфиналето, а Марадона тогаш го обвини Верон за предавник. Верон памтел шест години и сега во Рим, најпрво го фаулираше Диего, а потоа на одење кон соблекувалните, двајцата имаа жестока расправија, па мораше да реагира и обезбедувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)