| четврток, 6 декември 2018 |

Во април повеќе од 76.600 патници на македонските аеродроми

aerodrom-aleksandar-veliki_608_360

Во текот на април е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија, кога на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 76.653 патници, што претставува пораст од 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Како што соопшти Министерството за транспорт и за врски, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на април биле регистрирани вкупно 74.381 патник, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле регистрирани 2.272 патници.

По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран пораст на бројот на патници и на летови и на бројот на компании што оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со спроведување на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и за развој на воздушниот сообраќај со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците, се посочува во соопштението од Министерство за транспорт и за врски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top