| четврток, 6 декември 2018 |

Скијачкиот центар на Водно ќе биде поубав од Сљеме

Kонфигурацијата на скопската планина е многу подобра од онаа во Загреб, има идеални патеки, а луѓето од кафеаните, рестораните и од становите ќе може во живо да гледаат како на планината луѓето се рекреираат по цел ден, вели гостинот на градоначалникот Kоце Трајановски, Драгутин Жигаљ, пишува „Дневник“.

Драгутин Жиљак е раководител на ски-центарот на Сљеме во Загреб, кој функционира од 1954/55 година. Воедно е член на Управниот одбор на Скијачкиот сојуз. Деновине престојуваше во Скопје за да ги сподели искуствата со скопскиот градоначалник Kоце Трајановски и да го поддржи во идејата да направи ски-центар. Уверен е дека Водно ги има сите предиспозиции да биде подобар и поатрактивен од Сљеме. Прави споредба и вели дека планината над Скопје е поголема е и поубава, терен кој сам по себе е подготвен за ваква инвестиција.
– Вашиот ски-центар е свртен кон север и оди рамно кон градот, додека оној на Сљеме е свртен на југозапад, така што градот не го гледа ски-центарот. Вие, во Скопје ќе имате можност во живо, од кафеаните, рестораните, од становите, да гледате кон ски-центарот по цел ден. Ќе биде од интерес на граѓаните да се занимаваат со спорт, да се рекреираат, а и секојдневно на половина час да појдат во ски-центарот, што во овој момент го нема ниту еден град во светот.
Особено ќе ве мами да отидете на ноќно скијање.
Освен тоа, идните скијачки патеки на Водно ќе бидат подолги отколку патеките кај нас, кои се само километар. Ние моравме со машини да направиме денивелација на теренот, да го приспособиме за безбедно скијање, да не биде премногу стрмен, за разлика од теренот на Водно, каде што има и рамнини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top