| четврток, 6 декември 2018 |

Чао, нема веќе – раскинаа Вељко и Ксенија!

velko

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и Ксенија врската ја започнаа пред околу два месеца, а нивната врска стана толку сериозна, што Ксенија го запозна семејството на Вељко и се пресели кај него во Бањалука, каде тој студира.

Сепак како што се дознава, тие двајцата раскинале, а причината е секси спотот во кој се појавува Ксенија.

-Таа никогаш не му кажала дека снимала провокативни сцени во долна облека за групата „Мурат“. Кога се појави спотот, Вељко беше шокиран и и рекол на Ксенија дека сака да раскинат – открива извор близок на водителката.

Инаку Ксенија на Инстаграм го смени своето име, па на налогот веќе не стои Госпоѓа Ражнатовиќ Ксенија, туку само Ксенија Бујишиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top