Еден од столбовите во тимот на Металург, Немања Обрадовиќ, во пресрет на натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампиони што Металург го игра на домашен терен против шпанскиот тим Ла Риоха ја повика публиката да им даде подршка и на сите заедно да се радуваат на уште победа на нивната екипа.
– Играчите се мотивирани, можеби имаме малку пехови кои ни се случија во изминатиот период, но сепак, сигурен сум дека ќе ги надокнадиме. Ја повикувам и публиката да ни даде поддршка, затоа што сигурно ќе ни биде потребна. Ла Риоха е фаворит за првите две места во групата, имаме доста причини да играме добро. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе се дигнеме по поразот од Загреб – изјави Обрадовиќ.
Натпреварот меѓу Металург и Ла Риоха се игра в сабота од 17.30 часот во „ВИП-Арената“ при СЦ „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.