| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Ла Риоха е сериозна екипа, главен претендент за првото место во групата

metalurg-pres

Екипата на Металург се враќа на домашен терен со меч во Лигата на шампионите. Противник на младиот тим на Лино Червар ќе биде шпанска Ла Риоха, за која хрватскиот тренер има само пофалби. Червар вели дека мора да се биде претпазлив против шпанскиот колектив, затоа што тие се доброкомпонирана екипа која игра брз ракомет и која за малку не ја совладала Барселона.

lino-cervar

– По два натпревари конечно се враќаме дома. Тие што ги следеа нашите гостувања свесни се дека имавме две различни игри во двете полувремиња. Имаме млада екипа од 20-годишни играчи кои мораат да играат на ниво на 30-годишни играчи и поради тоа мора да имаме трпение. Не знаевме да се прилагодиме на нивната одбрана и не можевме да се носиме со играта. Не може да мислиме наназад, мораме да мислиме на Ла Риоха. Тоа е силен противник кој ја имаше во рака и големата Барселона. Промашени сицери ги оставија без победа. Сега мора да пронајдам решение за нивната игра, да направиме нов екперимент. Играта им се сведува на надворешните линии, имаат и силни гирачи во средина кои форсираат брзи контри. Мораме да дадеме и повеќе од 100 посто за да им се спротивставиме со цврста зона и да немаме технички гршеки како досега. Ова е голем предизвик за нас, мораме да се обидеме да дадеме се од себе. Ова е Сизифова работа, не се срамиме од досега сработеното. Вредно работиме. Имаме и осцилации, но така е тоа. Не се правдаме, само сакам да ви кажам дека не е лесно да се работи со млади играчи – вели тренерот на Металург, Лино Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top