| четврток, 6 декември 2018 |

Разочарување во опозициските редови: Повторно ги загубивме изборите

Прислушуваните материјали, партизацијата на Специјалното обвинителство и урнисувањето на главниот град не дадоа никаков ефект. Рејтингот на СДСМ сѐ уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ

Ниту меѓу опозициските експерти веќе нема дилеми. СДСМ го чека нов пораз на изборите на 11 декември.

Прислушуваните материјали, партизацијата на Специјалното обвинителство и урнисувањето на главниот град, не дадоа никаков ефект. Рејтингот на СДСМ се уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ.
Политологот Ненад Марковиќ вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има комотно мнозинство по изборите, но сепак, свесен е дека СДСМ го чека пораз.

-ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои – вели Марковиќ во изјава за Дојче веле.

Претходно и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, кој исто така важи за близок до опозицијата, јавно призна дека на изборите не треба да се очекуваат промени и дека СДСМ повторно ќе доживее пораз.

Новинарката Катерина Блажевска, која исто така е дел од опозициските структури во новинарството, со жалење констатира дека по сѐ што правеле во изминатите 2 години, не успеале да го сменат јавното мислење и дека граѓаните повторно довербата ќе му ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го покажуваат и анкетите. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ, па за очекување е победа со околу 150.000 гласови разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top