| четврток, 6 декември 2018 |

Аматерско видео од нападот во Њу Орлеанс во кој беа ранети 19 луѓе (видео)

Полицијата во Њу Орлеанс сѐ уште трага по тројцата осомничени за нападот на парадата во која беа ранети 19 луѓе, меѓу кои и две деца на десетгодишна возраст.
orleans2
Според ФБИ, тројца повредени се во тешка состојба. Очевидци на настанот дел од драмата снимиле на мобилен, а на една од снимките се гледа како ранети луѓе лежат на земја, додека други се обидуваат да им помогнат.

orleans3

Меѓу ранетите има десет мажи, седум жени и момче и девојче на десетгодишна возраст. Децаа биле во стабилна состојба, но се задржани на лекување.

orleans4

Властите во Њу Орлеанс ги повикуваат граѓаните да пријават каква било информација за напаѓачите. Во поворката по повод Денот на мајката учествувале 400 луѓе, меѓу кои и полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top