| четврток, 6 декември 2018 |

Абароа: Слободни и фер избори гаранција за европерспективата на Македонија

abaroa poposki

Има добри сигнали дека работите се движат во соодветна насока. Најголемите политички партии во земјава, минатата година, го потипшаа Договорот од Пржино и оваа година договорот од 20 јули, со што може да се претпостави дека доколку работите продолжат да се движат во добар правец, ќе се случат слободни и фер избори оваа година, што секако ќе претпоставува една голема гаранција за европската перспектива на земјата, истакна амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранса, на приемот по повод 12 Октомври, Националниот празник на Шпанија, на кој присуствуваа претставници на Владата, на политичките партии, од граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор и бројни гости од јавниот живот во земјата. Тој воедно ги нагласи одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Мадрид за евроинтеграциите на Република Македонија.

– Односите помеѓу нашите две земји се одлични и постојано се збогатуваат со различни содржини, на планот на економијата, трговијата, животната средина, образованието, културата или туризмот. Шпанија од секогаш ја поддржува европската перспектива на вашата земја која ја смета за нераскинлив дел на европскиот континент, како од географска така и од хумана, културна и афективана гледна точка. Мојата земја ќе продолжи да работи и да соработува со вас сѐ до остварувањето на европската перспектива – рече амбасадорот Абароа.

Националниот празник 12 Октомври Шпанија го одбележува како денот кога во 1492 година започнало зближувањето со братските земји од Латинска Америка. Годинава тој минува во знакот на низа настани посветени на 400 години од смртта на Мигел де Сервантес, авторот на „Дон Кихот“ и 30 години од пристапувањето на земјата во Европската унија и излегување од економската криза.

На економски план, изгледа дека Шпанија ја има конечно оставено позади себе економската криза. Во посебни политички услови и со техничка влада во мојата земја, економијата сепак растела со стапка над  3%, што претставува солидна компартаивна стапка на развој во рамките на евро зоната и заедно со позитивниот трговски биланс за првпат оваа година, по многу години, беше овозможено можеби најважното: создавање нови работни места – рече, меѓу другото, амбасадорот Абароа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top