Илија Несторовски останува интересен за италијанските медиуми и неколку дена по дуелот Македонија-Италија, а во пресрет на продолжувањето на Серија А во која Палермо за противник ќе го има Торино.
Откако направи интервју со Несторовски, весникот „Газета дело спорт“ разговараше и со легендарниот италијански напаѓач Лука Тони. Поранешниот фудбалер на Палермо сега е спортски директор на Верона, а морал да даде мислење за Македонецот.
– Го гледав натпреварот меѓу Македонија и Италија на телевизија, момчето воопшто не е лошо. Очигледно е дека има страшен инстинкт за постигнување голови, но би сакал да го гледам во живо пред да кажам нешто повеќе – изјавил Тони.
Напаѓачот, кој стана светски шампион со Италија во 2006 година, не е зачуден поради одличниот потег на претседателот Маурицио Зампарини, кој во минатото доведе и фудбалери како Кавани, Амаури, Миколи, Дибала, па дури и самиот Тони.
– Не сум изненаден што е доведен во Италија од Ѕампарини, тој е човек што има нос за добри напаѓачи – коментира Тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Луј Ван Гал: Го тегнев Лука Тони за уши
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот